Премиерлига: Арсенал „торпедира“, Палмер имаше попладне за паметење

72

Арсенал со 3:0 славеше над екипата на Сандерленд во еден од најинтересните попладневни дуели од 25. коло во Премиерлигата. Со погодоците на Зубименди во првото и двата гола на Ѓокереш во второто полувреме, лидерот на табелата останува во комотна позиција пред Манчестер Сити и Астон Вила кои го следат од второто и третото место.

Астон Вила имаше шанса да се доближи до Арсенал, но попладнево момците на Унаи Емери одиграа само нерешено 1:1 на гостувањето на Борнмут. Иако поведоа со голот на Морган Роџерс, домашните не се предадоа и успеаја да се изборат за бод со погодокот на РЕајан во 55. минута.

Кол Палмер имаше блескаво попладне на гостувањето кај Вулверхемптон. Младата ѕвезда на Челзи постигна хет-трик во победата на „сините“ од 1:3. Првите два гола Палмер ги постигна од белата точка, а третиот од игра.

Евертон со голем пресврт во вториот дел славеше кај Фулам со 1:2, додека Вест Хем однесе големи три бода од гостувањето кај Барнли со победата од 0:2.

ПретходноБундеслига: Борусија (Д) славеше кај Волфсбург
СледноБарса со нова магија и со нова победа!