Пријателски: Пелистер загуби од Новаци, Брегалница убедлива со Каменица Саса

174
фото: FC Pelister (FB)

Пелистер неочекувано загуби на денешниот пријателски натпревар против екипата на Новаци. Битолските „зелено-бели“ беа поразени на дуелот со второлигашот со 1:2. Единствениот гол за Пелистер го постигна Мурговски.

Фудбалерите на Брегалница забележаа убедлива победа од 3:0 над Каменица Саса во пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Штип, во рамките на подготовките за продолжението од сезоната.

Штипскиот тим погоди со двата гола на Костов во 6. и 12. минута, а конечниот резултат го постави Капсаров, кој беше прецизен од пенал во 26. минута.

ПретходноСилекс и официјално го претстави Мишов
СледноХуманитарен натпревар: Вардар подобар од Осогово, гест за почит од „Комити“