Силекс и официјално го претстави Мишов

49

ФК Силекс денеска и официјално го претстави 27-годишниот Александар Мишов како ново засилување за кратовскиот прволигаш. Напаѓачот во Кратово пристигнува од редовите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ќе го засили офанзивниот ред на „синo-црвените“.

Во својата кариера, Мишов има настапувано и за Академија Пандев, Борец, како и за странските клубови Самтредија (Грузија), Етар (Бугарија) и Туран (Казахстан), со што носи значајно домашно и меѓународно искуство.

ПретходноЧетврта победа во низа: Победничкиот танц на Карик со „ѓаволите“ продолжи (ВИДЕО)
СледноПријателски: Пелистер загуби од Новаци, Брегалница убедлива со Каменица Саса