Торес: Дојдов со една цел – да го освојуваме трофеи со Вардар!

274

Вардар во продолжение на сезоната ќе биде посилен за неколку имиња. Во своите редови „црвено-црните“ ги вратија репрезентативците Дарко Велковски и Бобан Николов, а нови имиња се и Стефан Цветковиќ и Хоакин Торес.

Аргентинецот Торес има 28 години и игра како офанзивен фудбалер.

„Најпрво, сакам да кажам дека сум многу среќен што сум овде. Имам голема почит за Вардар како тим, знам дека се работи за најдобриот тим од Македонија и сакам да се борам за големи нешта со клубот. Имам големо искуство во Јужна Америка, во Аргентина и Чиле, како и во и МЛС-лигата, па за мене ова е еден нов и голем европски предизвик во кариерата. Сакам да ја покажам најдобрата верзија од себе и да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели. Имам големи очекувања за себе и очекувам да се адаптирам лесно во Вардар. Кратко време сум тука, но се запознав со некои од соиграчите и почувствував добра енергија. Вардар е прв во лигата, па ќе се обидеме да ја сочуваме заедно таа прва позиција и да го освоиме трофејот“, изјави новиот фудблер на Вардар.

ПретходноМбапе му испрати извршители на ПСЖ!
СледноЛегенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар