Уште еден одложен меч во Ла Лига: Денеска нема да се игра ниту во Севиља

127

Поради бурите кои ја погодија Андалузија, денеска нема да се одигра ниту мечот меѓу Севиља и Џирона закажан од 23. коло во Ла Лига.

Како што предмалку објавија од Севиља, клубот ги почитува препораките од властите и реши да го одложи натпреварот за утре во терминот од 16.15 часот.

„Целосно ја поддржуваме одлуката донесена од властите. Главен приоритет е да се обезбеди безбедноста на нашите навивачи, бидејќи многу од нив ќе мораа да патуваат за да присуствуваат на натпреварот, а со оглед на моменталните временски услови и состојбата на реките во нашата покраина и нашиот регион, ова не можеше да се направи под минимални безбедносни услови. Од првиот момент, а со оглед на временските услови, клубот се стави на располагање на властите да соработуваат во сè што е потребно, разбирајќи дека натпреварот треба да биде одложен. Изразуваме целосна солидарност и поддршка за сите оние кои на еден или друг начин страдаат од тешкотиите предизвикани од последователните бури што ја погодија Андалузија“, се вели во клупското соопштение од Севиља.

ПретходноСерхио Рамос бил подготвен да игра бесплатно, во Севиља го одбиле
СледноБутел лесно до прва пролетна победа кај Струга