Хуманитарен натпревар: Вардар подобар од Осогово, гест за почит од „Комити“

396

Денеска во Кочани се одигра ревијален пријателски натпревар меѓу Осогово и Вардар, кој беше најавен како хуманитарен меч во сеќавање на жртвите од страшната несреќа во дискотеката „Пулс“ минатата година.

На стадионот Никола Мантов во Кочани, Вардар славеше со 4:1. Сите средства од собрани од продажбата на билетите за овој меч одат во хуманитарни цели, а беше организирана и посебна хуманитарна акција во чии рамки, на аукција беше ставен дрес на актуелен фудбалерот на домашниот клуб, Велинов. Дресот се продаде за 23.000 денари, а го купија Комити, кои потоа му го подарија дресот на еден домашен фан.

ПретходноПријателски: Пелистер загуби од Новаци, Брегалница убедлива со Каменица Саса
СледноСерхио Рамос бил подготвен да игра бесплатно, во Севиља го одбиле