Алкалоид и Пелистер фаќаат залет пред своите фанови!

58

Денеска ќе биде комплетирано 19. коло во Супер-лигата. Два тима од врвот без проблем треба да ги оправдаат улогите на фаворит. Алкалоид на домашен терен го пречекува Пролет, меч кој е закажан со почето во 18 часот. Кирил Лазаров и неговите момци имаат 29 бода, го делат третото место со ГРК Охрид, кој во овој момент има меч повеќе.

Пелистер пак на домашен терен игра против вториот битолски тим, на овој дуел на клупата на актуелниот македонски првак ќе дебитира Стевче Алушовски. Битолчани имаат негатива од шест бода во однос на лидерот на Вардар, кој има меч повеќе. Со два нови бода ќе ја продолжат трката за врвот.

Супер Машка лига – коло 19
РК Охрид – РК Прилеп 28-17
РК Вардар 1961 – МРК Куманово 30-20
07.02.2026 – Сабота
16:00 часот – РК Струга – РК Бутел Скопје
18:00 часот – РК Еурофарм Пелистер – РК Еурофарм Пелистер 2
18:00 часот – ГРК Тиквеш 2014 – РК Радовиш
18:00 часот – РК Алкалоид – РК Пролет 62
ПретходноПерез пикираше играч на Барселона – сака да го повтори трансферот од 2000 година!
СледноЗа Ентони Дејвис заврши сезоната!