Без победник во Гладбах, Леверкузен е далеку од оној тим на Чаби Алонсо

15
ФОТО:facebook.com/bayer04leverkusen/

И дефинитивно Леверкузен е далеку од оној тим на Чаби Алонсо кога беше шампион во Бундеслигата пред речиси две години, а посебно без Флоријан Вирц. Овој Леверкузен е нешто сосема друго.

Без победник во дуелот меѓу Менхенгладбах и Леверкузен, беше 1:1 во 21-то коло од германската Бундеслига. Борусија брзо поведе во овој натпревар. И тоа по катастрофална грешка на одбраната на Леверкузен, притисокот на Енгелхарт вроди со плод, ударот на Табаковиќ го сопре Блашвич, но Енгелхарт се стрча кон топката и ја погоди мрежата.
И потоа неверојатна среќа за гостите. Филип Сандер постигна неверојатен автогол и Леверкузен имаше нерешен резултат од 44-тата минута.Продолжението донесе психолошка предност за „фармацевтите“, имаа уште поголем посед, ги спречија сите напади на домашните кои практично останаа без никакви шанси, но креацијата е сепак најголемиот проблем на овој клуб.
Општо земено, поделбата на бодовите е можеби најреалниот исход, Леверкузен ќе биде петти со 36 бода, Гладбах има 14 помалку и е на 12-то место.

ПретходноЛудило на “Ст. Џејмс Парк“: Брентфорд му покажа на Њукасл како треба!
СледноШефит Шефити со трансфер во ОАЕ, во тимот на Хата!