Каков пресврт: Бостон со -22 до победа против Мајами!

52
Фото: Бостон Х

Селтиксите се вратија од негатива од 22 поени и го победија Мајами со 98-96. Браун постигна 29 поени, Вучевиќ заврши со 11 поени и 12 скока во своето деби за легендарната франшиза.

Селтиксите промашија 20 од 21 тројка, пред да ја поправат реализацијата и да погодат 9 од 15 во продолжение. Мајами имаше шанса за победа, Мичел промаши тројка. Бостоб пред крајот на втората четвртина имаше негатива од 34-56. Одигра одлично во третата четвртина и целосно се врати во мечот.

Вигинс беше најефикасен кај гостите со 26 поени, Норман Пауел, кој доби покана за Ол-стар натпреварот, заврши со 24 поени.

Резултати: Бостон – Мајами 98:96, Детроит – Њујорк 118:80, Милвоки – Индијана 105:99, Минесота – Њу Орлеанс 115:119, Портланд – Мемфис 135:115, Сакраменто – ЛА Клиперс 111:114.

ПретходноЛегенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар
СледноШуберт се враќа во Силекс!