Муслиу не е потешко повреден, во понеделник ќе се знае колку ќе паузира!

73

Како што дознава “СпортСпорт“, еден од нашите клучни играчи во репрезентацијата, Висар Муслиу не е потешко повреден како што се мислеше првично синоќа откако го напушти теренот уште во 4.минута на мечот на неговиот Сент Труден со Вестерло.

По еден дуел со противнички играч, Муслиу се пожалил на болка во пределот на адукторот. Со цел да не се ризикува, македонскиот репрезентативец го напуштил теренот.

Најново е тоа што Висар добро се чуствува, но колкава ќе биде паузата ќе се знае во понеделник кога врз него ќе се извршат дополнителни прегледи и секако дополнително ЕХО снимање. Дури потоа ќе се знае колкава ќе биде паузата. Во случај да има некое кинење на мускулно влакно тогаш јасно е дека ќе паузира најмалку еден месец, што значи дека нема да може да игра во баражот со Данска.

Засега првите информации се охрабрувачки, но останува да почекаме до понеделник.

ПретходноТофаш на Рајковиќ влезе во голема резултатска криза
СледноЃорческа не успеа во битката за финале, го предаде мечот во вториот сет