Нашите тенисери поразени во првите два меча со Кипар во Дејвис Купот

54
фото:www.mtftennis.mk

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби првите два натпревари во сингл на дуелот со Кипар во рамките на Втората Светска зона од Дејвис купот. Во првиот меч Мелиос Ефстатиу го совлада Амар Хусеиновиќ со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0).

Ефстафиу ја потврди фаворитската улога и првиот сет го доби со 6:2, откако стигна до водство од 5:1, а во вториот сет беше убедлив без загубен гем го заврши сетот.

Во вториот меч Стефан Мицов беше поразен од Фотос Фотиадес исто така во два сета со 6:3 и 6:0). Утре на програмата се уште два сингл меча и мечот во игра на двојки.

ПретходноЗОИ 26: Швајцарецот ги обедини титулите во спуст со првото олимписко злато
СледноТофаш на Рајковиќ влезе во голема резултатска криза