Перез пикираше играч на Барселона – сака да го повтори трансферот од 2000 година!

105
ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има амбиција да го потпише играчот од средниот ред на Барселона, Педри, со што се обидува да го повтори трансферот на Луис Фиго во мадридскиот клуб во 2000 година.

„Во оваа борба за моќ што се случува – повеќе Лапорта со Флорентино отколку обратно – оваа можност не треба да се исклучува. Тие мора да го убедат играчот, но како што велат, парите одлучуваат сè. Во случајот со Педри, постои многу важен фактор: тој е среќен во Барса и е вистински навивач на тимот“, коментираше Лопез.

Договорот на Педри со „блауграните“ важи до 2030 година, а неговата откупна клаузула е во износ од 1 милијарда евра.

ПретходноРашфорд нема да се врати во Јунајтед, кој пак нема да прави компромиси околу цената!
СледноАлкалоид и Пелистер фаќаат залет пред своите фанови!