ФК Силекс денеска и официјално го претстави 27-годишниот Александар Мишов како ново засилување за кратовскиот прволигаш. Напаѓачот во Кратово пристигнува од редовите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ќе го засили офанзивниот ред на „синo-црвените“.
Во својата кариера, Мишов има настапувано и за Академија Пандев, Борец, како и за странските клубови Самтредија (Грузија), Етар (Бугарија) и Туран (Казахстан), со што носи значајно домашно и меѓународно искуство.















