Четврта победа во низа: Победничкиот танц на Карик со „ѓаволите“ продолжи (ВИДЕО)

194
фото: Manchester United (X)

Победничката серија на Манчестер Ј. под водство на Мајкл Карик продолжи. И денеска на мечот од 25. Коло во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ остварија триумф, совладувајќи го Тотенхем во дерби дуелот со 2:0.

Можеби клучниот момент на мечот беше исклучувањето на Ромеро во 29. минута, по страшно грубиот старт врз Касемиро. Подоцна, резултатот го отвори напаѓачот Брајан Мбемо кој го постигна својот деветти гол за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. 26-годишникот го отвори резултатот во 38-та минута за водство од 1:0.

Откако Мајкл Карик беше назначен, Мбемо постигна гол во три од четирите натпревари за Манчестер Јунајтед, а не успеа да ја пронајде мрежата само на мечот со Фулам.

Одлуката за победникот стигна на 10 минути пред крајот, кога капитенот Бруно Фернандеш го матираше Викарио за предност на Манчестер Ј. од 2:0.

ПретходноЗОИ 26: Прво злато за Шведска, Карлсон победи на скиатлонот на 20 километри
СледноСилекс и официјално го претстави Мишов