Шефит Шефити со трансфер во ОАЕ, во тимот на Хата!

161

Шефит Шефити (27), по одличните игри во дресот на Арсими во есенскиот дел, направи трансфер во тимот на Хата во ОАЕ. Клуб кој се натпреварува во елитната лига во Обединтетите Арапски Емирати.

Секако дека ова е голем трансфер за Шефити, пред се од финансиски аспект, ако се знае дека досега тој играше за клубови од Косово и Македонија.No description available.

Да потсетиме дека Шефити во есенскиот дел беше убедливо најдобриот фудбалер на Арсими и со постигнати 9 голови заврши како трет стрелец во ПМФЛ, веднаш по Компаоре (Струга ТЛ) и Мато (Вардар).

Инаку тој досега настапуваше во Шкендија, Ренова, Приштина, Беса и Арсими од каде се пресели во Обединетите Арапски Емирати.

ПретходноБез победник во Гладбах, Леверкузен е далеку од оној тим на Чаби Алонсо
СледноЗОИ 26: Правнуката на легендарната актерка Лолобриџида освои прво злато за Италија