Вон ја скршила левата нога, веднаш е извршена операција

146

Американската скијачка Линдзи Вон е подложена на операција за стабилизирање на фрактура на левата нога, соопштија од италијанска болница.

Денес, таа доживеа тежок пад за време на олимписката трка по спуст во Кортина д’Ампецо, Италија.

Четириесет и едногодишната Вон излета од патеката во горниот дел и не можеше да ја заврши трката, а се стравува дека ова би можело да биде крај на нејзината кариера.

За потсетување, Вон пристигна на Зимските олимписки игри со сериозна повреда на коленото, поточно скинати вкрстени лигаменти.

ПретходноСушево му откина еден бод на шампионот, дербито утре во Скопје
СледноНаковски Волеј незадржливо мина и низ Битола