Дошев со трансфер од МЃП во Брера!

177

Ѓорѓи Дошев (21) е нов член на Брера. “Детето“ на Вардар кое во изминатиот период го носеше дресот на Македонија ЃП, направи трансфер во таборот на струмичкиот прволигаш. Станува збор за младински репрезентативец на Македонија до 21 година, игра во средниот ред, а има настапувано и селекциите на Македонија до 17 и 18 години.

Секако дека со овој трансфер, ростерот на тимот на стратегот на струмичкиот тим, Мартин Алаѓозовски ќе добие освежување во линијата за врска, како и квалитет. Посебно ако се знае дека во клубот од Ѓорче нема некои позначајни поместувања на подобро во однос на лошата состојба во која се наоаѓаат “лавовите“ веќе извесно време.

ПретходноМиовски со гол, Ренџерс со победа од 8:0 за пласман во 1/4 финалето во Купот на Шкотска! (ВИДЕО)
СледноИсмаила Сар му донесе победа на Кристал Палас!