Миовски со гол, Ренџерс со победа од 8:0 за пласман во 1/4 финалето во Купот на Шкотска! (ВИДЕО)

100
ФОТО:x.com/RangersFC

Нов гол на Бојан Миовски за Глазгов Ренџерс, и тоа со шут со глава во 80.минута за 7:0 за Глазгов Ренџерс против Квинс Парк, и за пласман во 1/4 финалето од Купот на Шкотска.

На овој осминафинален дуел Македонецот беше стартер, се очекуваше и тој да биде дел од очекуваната голеада на Ренџерс, но се до 80.минута не успеа да се запише во листата на стрелците, а неговиот тим само во првото полувреме водеше со 5:0.

Сепак не може така добар напаѓач како што е македонскиот репрезентативец на еден ваков меч да остане без постигнат гол.

На крајот беше 8:0 за големиот фаворит.

Кога сме кај Квинс Парк, инаку член на Чемпионшип на Шкотска, тоа е најстариот клуб во таа земја, основан е во далечната 1867 година или пред точно 149 години.

ПретходноРеал Мадрид и дефинитивно тргнува по Родри!
СледноДошев со трансфер од МЃП во Брера!