Работнички го “реши“ Кожув за шестата победа сезонава!

59

Во меч од 15.коло во Суперлигата, Работнички како домаќин во салата во Маџари, успеа да го совлада составот на Кожув со 99:92.

Ова е шеста победа на тимот од Градски Парк, некогашниот гигант во мак – кошарката. Па така сега Работнички со 21 се наоѓа во средината на табелата заедно со Маџари и Феникс, но тимот на Маџари има меч помалку.

Работнички подобро го отвори овој меч, ја доби првата четвтртина со 27:21, гостите од Гевгелија вратија во вториот период со +2 поени, но сепак на пауза домашните заминаа со предност.

Се чини дека завршниот удар Работнички го зададе во третата четвртина, кога одигра сосема добро, како во нападот така и во одбраната и дојде до +11 поени. До крајот на натпреварот знаеше како да ја задржи предноста и да слави победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Рикиќ со 34 поени, додека кај гостите Бојчев запиша 21 поен.

ПретходноБитола е центарот на македонската атлетика: АК Олимп потпиша со 15 репрезентативци!
СледноМаневски успешно опериран!