И дефинитивно Елмин Растодер е во одлична, голгетерска форма. Имено македонскиот репрезентативен напаѓач попладнево во меч од 23.коло во елитната Лига на Швајцарија, повторно беше стрелец за својот Тун па така помогна неговит тим да победи со 1:3 на гостувањето кај Сервет. Македонецот “стрелаше“ во 40.минута со што го отвори резултатот за 0:1, беше во игра се до 81.минута, а и немаше потреба да игра повеќе ако се знае дека во тој момент беше 0:2 за Тун.
Ова беше осми гол сезонава за Растодер, кој е на седмото место на листата на стрелците во швајцарската лига.
Инаку Тун е се поблиску до титулата, сега има 51 бода, единаесет повеќе од вториот Лугано на Џани Алиоски.










