Битола е центарот на македонската атлетика: АК Олимп потпиша со 15 репрезентативци!

32

Денешниот ден е историски за битолската атлетика и АК Олимп. Клубот се ребрендира и ја доведе скоро цела македонската репрезентација во своите редови, јасно наметнувајќи ја улогата на лидер на атлетскиот спорт во земјата.

АК Олимп е основан во 1960 година и претставува еден од најстарите и најтрофејни атлетски клубови во Македонија. Во текот на својата историја, особено во периодот на поранешна Југославија, клубот континуирано настапувал на сојузни и републички првенства, изнедрил атлетичари со врвни резултати и медали, со запишани рекорди кои ја менувале спортската историја и бил препознаен како силна база за развој на атлетски кадар.

Атлетскиот клуб Олимп денес испраќа јасна порака: Битола не е периферија на македонската атлетика – Битола станува нејзин центар. Клубот потпиша договори со петнаесет атлетски имиња, сите репрезентативци и перспектива на клубот и земјата.

Нови членови на АК Олимп се:

Адријана Поп Арсова

Ирма Хајдари

Марина Домазетовска

Ана Шикоска

Димитар Петровски

Леонид Вандевски

Бојан Чаприќ

Григоријан Никовски

Максим Пауер

Никола Десковски

Блаже Игњатовски

Андреј Андовски

Игор Стојановски

Насе Епов

Матеа Матеска

Теа Божиновска

Претседателот на клубот, Никола Димитровски, го претстави проектот кој ќе ја промени иднината на клубот.

„Со трансферите што ќе ги чуете денес, со тренерскиот кадар и со поддршката што ја имаме од градот, Олимп гради најсилна постава што клубот некогаш ја имал. И ова не е само краткорочен потег. Ова е нова историја“, рече Димитровски.

Тренер на новиот бран атлетичари ќе биде Димитар Петровски, битолчанец кој живее и работи во Скопје. Тој објасни како дошло до идејата и реализацијата.

„Од еден дамнешен разговор со претседателот Димитровски, дојдовме до реална можност за реализација на овој проект. АК Олимп денес е најорганизиран клуб во земјата и заслужува да ја има во своите редови скоро комплетната репрезенатција. Тука имаме атлетичари со меѓународно реноме како Поп Арсова, државни шампиони, млади таленти и верувам дека овој тим е комплетен. Ветуваме многу работа и достојно ќе ги браниме боите на овој историски клуб“, рече Петровски.

ПретходноЈанев пружи отпор со Кембел, ама Кипар поведе со 4:0!
СледноРаботнички го “реши“ Кожув за шестата победа сезонава!