Леонид Игњатов пред трансфер во Вележ!

226

Леонид Игњатов (24), досегашниот играч за врска на Арсими, својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во БиХ, и тоа во тимот на Вележ од Мостар, еден од најпознатите и најголеми клубови во оваа земја.

Како што дознаваме, преговорите се во завршна фаза, остануваат само деталите и секако промоцијата.

Инаку Игњатов веќе две – три недели не е во Арсими, од таму потврдуваат дека си заминал, ама не знаат каде.

Леонид Игњатов е “дете“ на Вардар, потоа беше дел од младинската екипата на Хајдук до 19 години, играше и за Скопје и Силекс, а одигра и одлична полусезона во дресот на Арсими во ПМФЛ.

ПретходноЗОИ 2026: Американката Џонсон победник во спустот!
СледноТиквеш договори некогашен напаѓач на Самсунспор, Лориен…