Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски е европски шампион. Белистојаноски на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар во финалето го совлада Гркот Георгиос Балиотис со 2-0 и стана европски шампион.
Нашиот репрезентативец демонстрираше одлична форма, навестувајќи дека годинава може да очекуваме и сениорски успех. Пред него, Немања Младеновиќ освои сребрен медал, откако во финалето во категоријата над 70 кг за кадети загуби од Омар Ѓоргичијани од Грузија со 2-4.
На ЕП настапија 1205 натпреварувачи од 47 држави.










