Мбапе и Карерас херои на Реал, Столе не успеа да им одолее на „кралевите“

92
фото: Real Madrid CF (X)

Реал Мадрид запиша нова, многу важна победа во Ла Лига, откако вечерва ја совлада екипата на Валенсија со 0:2. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го одигра целиот натпревар, но не успеа да ги одбие нападите на „кралскиот клуб“.

Реал го започна натпреварот со неколку промени во почетниот состав. Отсуствуваа повредените Белингем и Родриго, како и Винисиус кој доби суспензија на предходниот натпревар. „Местаља“ како и секогаш понуди одлична атмосфера и му даваше поддршка на својот тим. Реал го скрши домашниот отпор дури во 65-тата минута кога Карерас го постигна првиот гол за „кралевите“ по еден одличен соло продор. До крајот на мечот домашните имаа само една шанса преку Белтран кој ја погоди стативата во 71-та минута. Килијан Мбапе стави точка на мечот со гол во 90-тата минута.

Со овој триумф Реал останува на втората позиција со само еден бод заостаток зад водечката Барселона, а „лилјаците“ се наоѓаат на 17-тото место со 22 бода и ја продолжуваат борбата за опстанок.

ПретходноЈуве во последните секунди спаси бод против Лацио
СледноСтоичков е импресиониран од оваа Барселона на Ханси Флик!