Попладнево тројца наши репрезентативни нааѓачи беа стрелци за своите клубови. По Елмин Растодер (Тун) и Бојан Миовски (Ренџерс), и Милан Ристовски “тресеше“ и тоа за Бохемијанс во меч од 21.коло во елитната лига на Чешка. Ристовски на средбата против Пардубице влезе во игра во 76.минута, а во судиското продолжение погоди за 1:2, за ублажување на поразот на својт тим.
Ова за Милан Ристовски е вториот гол сезонава за Бохемијанс. Овие голови и добра форма на дел од нашите репрезентативни напаѓачи може само да радуваат во пресрет на баражот за пласман на СП со Данска на 26 март.










