Во меч од 15.коло во Суперлигата, Работнички како домаќин во салата во Маџари, успеа да го совлада составот на Кожув со 99:92.
Ова е шеста победа на тимот од Градски Парк, некогашниот гигант во мак – кошарката. Па така сега Работнички со 21 се наоѓа во средината на табелата заедно со Маџари и Феникс, но тимот на Маџари има меч помалку.
Работнички подобро го отвори овој меч, ја доби првата четвтртина со 27:21, гостите од Гевгелија вратија во вториот период со +2 поени, но сепак на пауза домашните заминаа со предност.
Се чини дека завршниот удар Работнички го зададе во третата четвртина, кога одигра сосема добро, како во нападот така и во одбраната и дојде до +11 поени. До крајот на натпреварот знаеше како да ја задржи предноста и да слави победа.
Најефикасен во победничкиот тим беше Рикиќ со 34 поени, додека кај гостите Бојчев запиша 21 поен.










