Тиквеш договори некогашен напаѓач на Самсунспор, Лориен…

181
ФОТО:facebook.com/samsunspor/

Муса Гуел (26) ќе биде најголемото засилување за Тиквеш оваа зима, Станува збор за напаѓач кој е роден во БСК, но има француски пасош. Гуел пред неколку дена дојде во Кавадарци, тој веќе тренира со останатите играчи на Тиквеш, но сеуште се чекаат документите за да се стави официјално потписот и секако промоцијата.

Гуел е некогашен фудбалер на Самсунспор, Лориен, Валенисијен и други клубови во Франција.

Според од она каде досега играл Муса Гуел, секако дека ќе биде големо засилување за прволигашот од Кавадарци кој во рамките на првото пролетно коло му гостува на Шкупи на својот стадион во Кавадарци.

ПретходноЛеонид Игњатов пред трансфер во Вележ!
СледноЈанев пружи отпор со Кембел, ама Кипар поведе со 4:0!