Во големото дерби на „Енфилд“, Манчестер Сити со пресврт славеше со 1:2 над екипата на Ливерпул. Ливерпул и Манчестер Сити одиграа жесток дуел и до самиот финиш не се знаеше разврската на мечот.
Почетокот на второто полувреме донесе вистински пеок, откако во првиот дел висовме по една добра шанса на двете страни. Во 74-тата минута Доминик Собослај изведе ремек-дело и постигна нереален гол од слободен удар за водство на „црвените“ од 1-0.
Тогаш се чинеше дека трите бода ќе останат на „Енфилд“, но до крајот на натпреварот, „граѓаните“ направија неверојатен пресврт. Манчестер Сити успеа да израмни десет минути по примениот гол преку Бернардо Силва за 1:1, а целосен хаос и шок на „Енфилд“ се случи во судиското продолжение, кога Сити направи пресврт и победа со гол од пенал преку Халанд.
До крајот, Ливерпул се обидуваше на секој начин да постигне гол, но Сити се бранеше со одлични одбрани од Донарума. Во последните секунди видовме вистински циркус на теренот, кога Сити постигна гол преку Черки, но судијата отиде да ја погледне ВАР снимката и го поништи голот на гостите, досудувајќи прекршок и црвен картон за Собослај.










