Јанев пружи отпор со Кембел, ама Кипар поведе со 4:0!

25

Македонската дејвис куп репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во мечот од Втората Светска зона во дуелот со Кипар. По денешниот прв меч во двојки Кипар ја обезбеди победата, па така селекторите направија помена во двата последни сингл мечеви. За Македонија свој нов настап имаше Кристијан Јанев, кој за ривал го имаше Николас Кембел. Првиот сет го доби Кембел со 6:2 во гемови, а во вториот сет Јанев имаше водство од 4:1 во гемови, но сетот го освои противникот со 7:5. Кипар поведе со 4:0.

17-годишниот Јанев  пружи отпор на пред се во вториот сет, а ова беше ново искуство за него откако лани го имаше своето деби во нашата репрезентација.

Во последниот сингл меч за Македонија ќе настапи 15-годишниот Марко Алексовски, за кого ова прв репрезентативен настап, а за противник го има Константинос Мегалемос.

ПретходноТиквеш договори некогашен напаѓач на Самсунспор, Лориен…
СледноБитола е центарот на македонската атлетика: АК Олимп потпиша со 15 репрезентативци!