Ако си замине од Ал Наср: Ова се клубовите во кои Роналдо би можел да направи трансфер!

438
фото: AlNassr FC (X)

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Она што беше бајка за него во С. Арабија, во Ал Наср веројатно престанува да биде по најновите случувања, па така тој би можел наскоро да си замине од тој клуб од кој зема 200 милиони евра годишно и има договор до 2027 година.

Според информациите што доаѓаат од Саудиска Арабија, односите меѓу португалската ѕвезда и клубот се сериозно нарушени и затоа се поставува прашањето кој ќе биде следниот потег на Португалецот, каде ќе ка продолжи кариерата.

Фудбалските инсајдери издвојуваат пет клубови во кои Роналдо би можел да направи трансфер.
Роналдо има излезна клаузула вредна околу 43 милиони фунти на крајот од сезоната.
Една од најромантичните приказни би била враќањето во Спортинг Лисабон. Тоа е клубот каде што Роналдо ја започна својата професионална кариера и каде што би бил пречекан како апсолутен херој.
Друга опција доаѓа од Италија, каде што Роналдо веќе остави длабок белег. Комо 1907, клуб предводен од Цеск Фабрегас и во сопственост на богатото индонезиско семејство Хартоно, има финансиска моќ да даде сериозна понуда.
Третата опција води преку Атлантикот. Интер Мајами се споменува со години како дестинација за најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.
Можна е и маркетиншка бомба во која Роналдо и Лео Меси би завршиле во ист тим. Дејвид Бекам потоа би направил потег за кој целиот свет би зборувал.
Четвртата опција останува во рамките на Саудиска Арабија – но е и најконтроверзна.

Премин во Ал-Хилал би бил потег што навивачите на Ал-Наср веројатно никогаш нема да го простат.
Роналдо на тој начин би отишол директно кај најголемиот ривал, клубот што веќе го донесе Бензема и постојано доминира во лигата.
Сепак, тој потег би му овозможил да ја задржи својата астрономска плата и да остане со своето семејство во Ријад.

Петтата опција ја враќа приказната таму каде што сè експлодираше.
Манчестер Јунајтед, барем во теорија, се појавува како можност за помирување.
Роналдо го напушти “Олд Трафорд“ во тешка атмосфера по интервјуто со Пирс Морган, но промените во клубот оставаат простор за нов почеток.
Особено затоа што привремениот менаџер Мајкл Карик е човек со кого Роналдо има исклучително добар однос.
Двајцата ја освоија Лигата на шампионите заедно и делеа соблекувална за време на златните години на Јунајтед.

Па така на потег е Роналдо.

ПретходноНеверојатно: Верверица прекина меч цели осум минути во Англија! (ВИДЕО)
СледноБрутален трипл-дабл на Никола Јокиќ за историја (ВИДЕО)