Денеска на вториот ден од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина беа донделени осум комплети медали. Меѓу најатрактивните дисциплини издвојуваме:
- Австриецот Бенџамин Карл стана олимписки шампион во паралел-велеслалом во сноуборд, вторпат по ред, победувајќи го Јужнокореецот Ким Сангкјум во големото финале. Денеска голема радост и за бугарските олимпијци, затоа што сноубордерот Тервел Замфиров го освои бронзениот медал на трката во рамките на Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо. Ова е прв медал за Бугарија од Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година.
- Норвежанецот Јоханес Клаебо ја освои олимписката титула во скијатлон на 20 километри за мажи (10 километри класичен стил + 10 километри слободен стил). Најуспешниот крос-кантри скијач извојува победа по нападот на последниот рид на патеката Вал ди Фиеме. Тој заврши со точно две секунди пред Французинот Матис Делоге, кој сензационално го освои второто место. 23-годишниот Делоге, кој никогаш не се пласираше на големо натпреварување, заврши пред Норвежанецот Мартин Нингет, кој го освои бронзениот медал.
- Германецот Макс Лангенхан стана олимписки шампион во санкање-спуст. Актуелниот светски шампион ја додаде највредната титула во својата кариера, наследувајќи го својот сонародник Јоханес Лудвиг, кој стана шампион во оваа дисциплина во Пекинг пред четири години. Лангенхан постави нов рекорд на патеката оставајќи го зад себе сребрениот медалист,Австриецот Јонас Милер, кој е светски шампион од 2023 година. Италијанецот Доминик Фишналер заврши трет.
- Норвежанецот Сандер Ејтрем го собори олимпискиот рекорд, освојувајќи го златото во брзо лизгање на 5.000 метри за мажи. Ејтрем ги запре часовниците на шест минути и 3,95 секунди. Второто место и сребрениот медал му припаднаа на Методеј Жилек од Чешка, кој заврши за 2,53. Бронзениот медал му припадна на Рикардо Лорело, кој заврши за 5:27, односно време од 6:09,22. Сандер Ејтрем избегна незгоден пад на стартот и освои златен олимписки медал, откако додаде олимписки рекорд на светскиот рекорд поставен минатиот месец.










