Иако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заинтересиран да го ангажира Јирген Клоп, Германецот сепак нема да биде новиот тренер на кралскиот клуб. Тој е задоволен од својата улога како шеф на фудбалскиот сектор во Ред Бул и нема намера да се врати на клупата.
„Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам во моментов. Сè друго е само шпекулација“, се зборовите на Клоп.
Затоа, Клоп е речиси сигурно крајот на приказната што се однесува до Реал Мадрид, а шпанскиот новинар Хулио Малдонадо, попознат како Малдини, го открива името на новиот.
Според него, Унаи Емери ќе ја преземе клупата на кралскиот клуб од следната сезона. Апсолутно сè води кон тоа и тој е главен фаворит да биде нов тренер на Реал.
„Тој е сериозна опција. Емери е сериозен фаворит“, рече Малдини, додавајќи:
„Тој неколку пати ја освои Лигата на Европа, го водеше Виљареал до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој е врвен тренер и ако добие шанса, верувам дека ќе се обиде да направи големи работи со Реал“, рече Малдини.
54-годишникот работел во бројни клубови. Сепак, нема притисок како во Реал.
Унаи Емери има богата тренерска кариера зад себе. Тој моментално е менаџер на Астон Вила и е на таа работа четири години, а претходно ги водеше Виљареал, Арсенал, ПСЖ, Севиља, Спартак Москва, Валенсија, Алмериј…
Три пати ја освои Лигата на Европа со Севиља, еднаш со Виљареал, и доминираше во францускиот фудбал со ПСЖ.










