Србија без Ѓоковиќ е никој и ништо, ја чека борба за опстанок

78
Фото: АТП/Твитер

Србија не може без својот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ. Загуби во првото коло од квалификациите за Светската група во Дејвис купот од Чиле. Пораз што значи дека оваа земја се соочува борба за опстанок. Поточно, чекаат ждрепката за Светската група и натпреварите во септември за враќање во квалификациите за Светската група и нова можност за Ф8 следната сезона.

Србија беше ослабена во Чиле бидејќи Ѓоковиќ бидејќи играше во финалето на Австралија Опен и не беше реално да го премине „половина светот“ и да оди од Австралија во Јужна Америка и притоа да ја смени подлогата.

„Штета што не бевме комплетни. Секој сака да биде како Новак и да игра тенис. Секогаш сме горди кога Ѓоковиќ е во тимот. Кога го нема, другите играчи имаат шанса да играат и тоа е голема чест за сите нас“, изјавија од таборот на Србија после поразот од Чиле.

ПретходноНема крај: Засилувањето на Ливерпул од 70 милиони евра претрпе сериозна повреда?
СледноНикој како Јамал – „паѓаат“ рекордите на „големите“