Сушево му откина еден бод на шампионот, дербито утре во Скопје

20
фото: Ок Сушево (FB)

Одбојкарите на Сушево одиграа извонреден меч со Струмица и успеаја да гостувањето да освојат два сета против фаворитот и со тоа да освојат еден голем бод од дуелот од третото коло во плеј-оф делот во домашниот одбојкарски шампионат. Екипатана Горец прокнижи нова победа над Универзитет во Тетово, додека дербито меѓу екипите на Работнички и Штип е закажано за утревечер во Скопје.

Во плеј-аутот Шкендија и Лирија не дозволија изненадувања, а вредна победа оствари екипата на Скопје.

ПРВА ЛИГА (М) – 3 КОЛО – ПЛЕЈ –ОФ

Струмица 47&72 – Сушево          3:2 (18:25, 27:25, 23:25, 27:25, 16:14)

Работнички 71&22 Штип УГД    понеделник (20.30) 

ГОК Борец – Универзитет во Тетово     3:0 (25:11, 25:18, 25:18)

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (37), 2. ГОК Борец (35), 3. Струмица (34), 4. Работнички (30), 5. Сушево (21), 6. Универзитет во Тетово (20).

ПРВА ЛИГА (М) – 3 КОЛО – ПЛЕЈ –АУТ

Шкендија – Јанта волеј      3:0 (25:19, 25:9, 26:24)

Македонија Џио – Лирија 1:3 (19:25, 25:21, 25:27, 11:25)

Весна Пробиштип – Скопје          0:3 (19:25, 15:25, 18:25)

ТАБЕЛА: 1. Шкендија (23), 2. Лирија (20), 3. Весна Пробиштип (9), 4. Скопје (9), 5. Македонија Џио (8), 6. Јанта Волеј (2).

ПретходноТФТ речиси три месеци е без пораз, без проблем го освои Маџари (ФОТО)
СледноВон ја скршила левата нога, веднаш е извршена операција