Фудбалерите на Јувентус и Лацио одиграа супер интересен дуел кој заврши со резултат 2:2 во рамките на италијанската Серија А. Гостите од Рим беа многу поконкретни, но не успеаја да го издржат големиот притисок и во последните секунди од натпреварот примија гол за нерешен исход.
Копмајнерс го отвори резултатот во 26-тата минута, но тој гол беше поништен поради офсајд. Во 47-та минута искусниот Педро донесе водство за гостите и со тој резултат екипите заминаа на пауза. Во вториот дел Лацио експресно ја зголеми предноста преку Исаксен во 47-та минута, а Јуве го намали водството на гостите во 59-тата минута преку Вестон Мекени. До крајот на мечот домашните се обидуваа да стигнат до изедначување, но Лацио одлично се бранеше. Сепак, во последните секунди од мечот Пиер Калулу постигна злато вреден гол за Јувентус и го постави конечниот резултат.
Со ова реми Лацио остана на 8-мото место со 33 бода, а Јуве се наоѓа на 4-тата позиција со 46 бода, дури 12 помалку од водечкиот Интер.










