Бадел 1862 го доби дерби дуелот со МЗТ Бела Вода!

33

Интересни натпревари се одиграа во Прва лига жени. Во центарот на вниманието се најде дерби пресметката помеѓу Бадел 1862 и МЗТ Бела Вода. Победата ја однесоа кошаркарките на Бадел 1862 кои на гостински терен славеа со убедливи 65-76.

Избраничките на тренерот Дарко Димитријевиќ одиграа одличен натпревар, клучната разлика ја направија во втората четвртина, во која постигнаа 19 поени, а примија само шест.

Mарија Николов со 27 поени и 6 асистенции беше лидер во нашите редови, Линдзи Клири запиша дабл-дабл учинок од 23 поени и 12 скока, Ива Чолакоска беше стрелец на 12 поени и 7 скока. На другата страна Амари Херд имаше 27 поени и 11 скока.

Со оваа победа Бадел 1862 направија скок на четвртото место на табелата.

На останатите мечеви кошаркарките на Вардар се вратија на првото место, откако славеа против Баскет Кам со 43-53, додека пак  Крива Паланка кои реализираа победа над кавадаречки Пробаскет од 63-52. Претхдно Патриот беше подобар од Спрт Тим со 59-40.

ПретходноСпоред ранкингот на ЕХФ: Женската селекција на Македонија е 19-та во Европа! (ФОТО)
СледноСалиу вели дека Арсими е подготвен за битка: Опстанокот е наш приоритет!