Работнички го засили нападот со млад Швеѓанец, некогашен член на Феенорд! (ФОТО)

117
ФОТО:facebook.com/fcrabotnicki

Џејсон Езеб (19) е најновото засилување во таборот на Работнички. Станува збор напаѓач кој е Швеѓанец, но со потекло од Нигерија и потекнува од школата на Хамарби. Исто така бил дел и од младинските селекции на славниот Феенорд.

Во Македонија, во Работнички доаѓа од холандскиот клуб Дордрехт.

Езеб, барем од она што може да се види на интернет, бил и дел од селекцијата на Шведска до 16 години.

Факт е дека клубот од Дебар Маало во овој зимски преоден рок беше доста активен, ангажира повеќе нови имиња, но дали тоа ќе биде доволно за да избори опстанок во ПМФЛ во пролетниот дел, тоа навистина е големо прашање.

Сепак надежта умира последна.

ПретходноФФМ со уште едно исполнето ветување: Од дрвени табли до современи стандарди! (ВИДЕО)
Следно„Бомба“ во ПЛ: Јунајтед тргнува со сите сили по Тонали!