Убавицата на ЗОИ 26 освои злато и урна олимписки рекорд

253
фото: Babe Fan @BabeFan3 (X)

Холандската сензација во брзо лизгање Јута Лирдам ја потврди својата улога како главен фаворит и го освои златниот медал на 1.000 метри на Зимските олимписки игри во 2026 година во Милано и Кортина. Лирдам не застана само на златото, туку во спектакуларна трка постави и нов олимписки рекорд, постигнувајќи време од 1:23,31 секунди, што дополнително го зацврсти нејзиниот статус како најголема ѕвезда на современото брзо лизгање.

На патот до олимпиското злато, Лирдам го сруши рекордот претходно поставен од нејзината сонародничка Фемке Кок (1:12,59), која го освои бронзениот медал, додека среброто отиде кај Јапонката Михо Такаги (1:13,95), која го држеше олимпискиот рекорд до понеделник.

Ова злато претставува уште еден белег во импресивната кариера на 26-годишната Холанѓанка, која со години доминира на светската сцена и ги оправдува очекувањата на најголемите натпреварувања.

ПретходноУрнебесно: Општа тепачка на фудбалски натпревар во Англија! (ВИДЕО)
Следно18-годишниот Мехмеди потпиша за Работнички