Фудбалската федерација на Македонија со уште едно исполнето ветување. Инвестиција што се гледа: Поставен е 210 метри сопствен ЛЕД екран на Националната арена “Тодор Проески“ во Скопје.
Инвестиција за подобро искуство на натпреварите, за поголема видливост за партнерите на ФФМ и за дигитален фудбалски амбиент. До сега, единствено во Македонија рекламите на стадионите се поставуваа преку дрвени табли. Од ФФМ велат дела со ова се прави исчекор кон современите стандарди.
Без изнајмување, со јасна визија.










