Драмата во Чаир со „хепи-енд“ за домашните

64

Во супер-драматична завршница, кошаркарите на Чаир го совладаа Тиквеш со 77:76 и ја прекинаа победничката серија на кавадарчани која траеше три меча. Чаирчани, пак, со оваа победа успеаја да ја остварат само втората победа во последните 5 натпревари во домашното првенство.

Скоро целиот меч во Чаир помина во неизвесност и тесна предност на едниот или другиот тим. Во првата четвртина беше нерешено 22:22, а на полувреме Чаир замина со +6 (43:37). Во третиот период гостите возвратија. Одиграа одлични 10 минути и на крајот на периодот дојдоа на само минус два.

Сепак, одликата падна во последната минута од мечот. Двата тима наизменично се менуваа во водство, за на дваесетина секунди до крајот Тиквеш да има минимална кош-предност. По добро изведен напад Чаир го презеде водството, па следуваше голема грешка на гостите со која домашните имаа можност да дојда до плус три, но ги промашија и двете слободни фрлања. Во последните 7 секунди Тиквеш имаше напад за победа, но хокинс не успеа да погоди тројка.

Билингсли постигна 24 поени кај Чаир, додека кај Тиквеш Минси го заврши мечот со 20 поени.

Претходно18-годишниот Мехмеди потпиша за Работнички
СледноТензии во Реал (М): Карвахал и Арбелоа не зборуваат