ЗОИ 26: Германецот Рајмунд сензационален победник на малата скокалница

52
фото: Viessmann FIS Ski Jumping World Cup (X)

Филип Рајмунд, кој сè уште нема ниту една победа во Светскиот куп, е херој на ски-скоковите на малата скокалница во Предацо. Германецот го издржа притисокот во финалето, слетувајќи на 106,5 метри, и спречи целосна сензација, триумф на Полјакот Кацпер Томасјак.

Словенецот Превц, победник на единаесет натпреварувања оваа сезона од Светскиот куп, не се снајде добро во Предацо и ќе ја бара својата можност за медал на големата скокалница.

Рајмунд победи со скокови од 102 и 106,5 метри, додека сребрениот Томасјак прескокна 103 и 107 метри. Бринзениот медал отиде на градите на Рен Никаидо со скокови од 101 и 106,5 метри. Превц разочара иако веше близу и до медал. Лошо издание имаше во првата серија прескокнувајќи 100 метри, додека во втората прелета 105 метри и остана четири поени заед бронзениот Јапонец.

ПретходноТензии во Реал (М): Карвахал и Арбелоа не зборуваат
СледноШтип УГД убедливо го совлада Работнички на гостински терен