Линдзи Вон е на интезивна нега, но надвор од животна опасност

56

Американската скијачка легенда Линдзи Вон беше оперирана по сериозен пад на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Вон беше оперирана на левата нога и моментално е во болница во Тревизо. Иако е на интензивна нега, нејзиниот живот не е во опасност.

Според германскиот „Билд“, повикувајќи се на „Ројтерс“, ова е вообичаена процедура за спортисти од нејзиниот статус со цел да се обезбеди нејзината целосна приватност. Италијанските организатори сакаат да се осигурат дека ќе ѝ се пружи најдобра можна грижа, а покрај италијанските лекари, во болница се и нејзините лични хирурзи.

Повеќе информации за нејзината здравствена состојба се очекува да бидат објавени денес околу пладне.

Сепак, нејзината олимписка трка траеше само 12 секунди. По неколку свиоци, таа удри со десното рамо на капијата, ја изгуби рамнотежата и силно падна. Од местото на несреќата беше однесена со хеликоптер во болница.

За 41-годишната Американка, ова требаше да бидат нејзините последни Олимписки игри, поради што се врати од спортско пензионирање. За жал, големото враќање на легендарната скијачка немаше среќен крај.

ПретходноМилан Лазаревски: Физички предизвикувачки, ментално исцрпувачки…
СледноВардар 1961 ги пушти во продажба блок билети за дуелите од Лига Европа