Македонија во четврток ќе ги дознае противниците во Б Лигата на Нации!

89

Во чеврток (12 февруари) во Брисел од 18 часот ќе се одржи ждрепката за најновото издание во Лигата на Нации. Како што е познато, нашата најдобра фудбалска репрезентација, за првпат, ќе игра во сегментот Б, значи против многу посилни селекции за разлика од порано.

Македонија во тој сегмент, во пресрет на ждрепката, се наоѓа во последниот, четврти шешир заедно со Шведска, Косово и С. Ирска. Што значи дека не можеме да се паднеме со ниту една од овие селекции.

Ова се шеширите во Б Лигата на Нации, и еве се можните ривали на Македонија, оние од првиот до третиот шешир:

Лига Б
ПОТ1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
ПОТ2: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Украина
ПОТ3: Словенија, Грузија, Република Ирска, Романија

ПОТ4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово

Натпреварите стартуваат на 24-26 септември, а завршуваат на 15-17 ноември оваа година.

Како што е познато, не можат да се паднат БиХ со Косово.

ПретходноСалиу вели дека Арсими е подготвен за битка: Опстанокот е наш приоритет!
СледноЗатоа е голема шампионка: Ова биле првите зборови на Линдзи Вон по страшниот пад!