Халанд:„Дали победата над Ливерпул беше порака?! Да, секако!“

82
ФОТО:facebook.com/mancity

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, го опиша вчерашниот драматичен триумф на „Граѓаните“ над Ливерпул како јасна порака. Тимот на Пеп Гвардиола го сврти резултатот со головите на Бернардо Силва и пеналот на норвешкиот напаѓач, откако „Црвените“ поведоа со прецизниот шут на Доминик Собослај.
„Дали ова беше порака? Секако, погледнете ја емоцијата на навивачите на крајот од натпреварот, беше неверојатно. Тие го заслужуваат тоа, бидејќи нè поддржуваа недела по недела и, да, дефинитивно заслужуваа да ја видат оваа победа на Енфилд. Никогаш порано не сум победил тука и неверојатно е да дојдам и да победам за прв пат. Секој знае дека не е лесно поради историјата што ја имаа Сити и Ливерпул во последната деценија. Има историја зад сè. Па секако дека се чувствува добро. Но, тоа се три бода, едноставно Не е важно дали играте против Тотенхем или некој друг. Разбирам што мислите. Трката не е завршена додека не заврши“, рече Халанд.

Претходно„Бомба“ во ПЛ: Јунајтед тргнува со сите сили по Тонали!
СледноНеф и Фон Алмен се нови олимписки шампиони во екипна комбинација