Бесмир Бојку во пресрет на супер-дербито: „Струга ТЛ е спремна, ќе го дадеме максимумот против Шкендија“!

30
ФОТО:.facebook.com/Fcstruga

По пауза од нешто повеќе од два месеци, од утре повторно на сцена ќе бидат настаните од ПМФЛ. Стартува пролетната полусезона и тоа со дербито во Тетово каде се среќаваат Шкендија и Струга ТЛ, со почеток од 14 часот.

Секако дека кога играат вториот и третиот на табелата или шампионите во последните три сезони, е вистинско фудбалско уживање.

Бесмир Бојку, клучниот играч на стружани, за дуелот со Шкендија истакнува:

Верувам дека одработивме добри подготовките во Анталија, Турција. Имавме многу добри услови, одигравме неколку натпревари со многу силни противници и мислам дека сме подготвени да го дочекаме пролетниот дел од сезоната“ – првично се изрази Бесмир Бојку, кој потоа зборуваше и за натпреварот во вторник во Тетово.

Дерби натпреварот, играме против еден од најдобрите тимови во земјата. Ги знаеме квалитетите на Шкендија, но верувам дека ние како Струга Трим Лум сме подготвени да го дадеме максимумот за овој натпревар.“ – рече Бојку.
Според него, тимот патува во Тетово без никаков психолошки товар, а со голема желба да игра квалитетен фудбал.
„Дерби натпреварите секогаш се непредвидливи, можам да одлучам некоја епизода за време на натпреварот, одиме во Тетово без психолошки товар, одиме да играме наш фудбал како што сме играле досега и на крајот, кој е најдобар, нека го добие натпреварот“ – заклучи Бојку, кој ќе го игра својот 13-ти натпревар во кариерата против Шкендија.

ПретходноСудии во ПМФЛ: Стојчевски ќе го суди супер – дербито под Шара!
СледноФФМ со уште едно исполнето ветување: Од дрвени табли до современи стандарди! (ВИДЕО)