Вардар 1961 ги извести своите фанови дека од денеска ги пушти во продажба блок билетите за следните два домашни натпревари од главната фаза во ракометната Лига Европа за дуелите со Мелсунген и со Бенфика.
Една недела ќе трае продажбата на блок билетите по оваа цена, а потоа ќе продолжи продажба, но на поединечни билети кои ќе имаат повисока цена. Со блок билетите го резервирате вашето седиште за двете средби на Вардар во Лига Европа.
Најевтините блок билети за двата натпревари чинат само 300 денари.
Останатите детали ги имате во линкот во продолжение.










