Милан Лазаревски после долга пауза се врати на терените. Македонскиот репрезентативен пикер мораше да направи операција на десното рамо, повреда која бараше големо трпение и упорност, нешто што Лазаревски го поседува.
Тој се врати пред стартот на вториот дел од шампионатот, според она што го напиша на социјалните мрежи патот до кам-бекот воопшто не бил лесен, но тој е максимално подготвен за предизвиците што следуваат.
Лазаревски последен пат на терените беше во 7. јуни 2025 година. Тој им се заблагодари на сите кои придонеле за негово целосно опоравување, и физички и ментално.
View this post on Instagram










