Тензии во Реал (М): Карвахал и Арбелоа не зборуваат

71
фото: DAZN Fútbol (X)

Во Реал Мадрид се појавија тензии меѓу тренерот Арбелоа и еден од најискусните во тимот, Карвахал. Според информацијата на новинарот Еду Агире на телевизијата „Ел Чирингито“, Алваро Арбелоа и Дани Карвахал скоро и да не разговараат.

Се вели дека дефанзивецот верува дека е подготвен да игра, но „никогаш не му било кажано што се случува“. Претходно беше објавено дека 34-годишниот фудбалер е незадоволен од тоа што е надвор од комбинација во првиот избор на новиот предводник на тимот.

Карвахал го помина целиот натпревар против Валенсија (2-0)  на клупата, а по последниот свиреж, излезе на теренот да тренира под водство на фитнес тренерот Антонио Пинтос. „Атлетик“ објави дека Дани бил „иритиран“.

ПретходноДрамата во Чаир со „хепи-енд“ за домашните
СледноЗОИ 26: Германецот Рајмунд сензационален победник на малата скокалница