Сепак Македонија ЃП успеа да ангажира нови имиња оваа зима. Тоа се интернационалецот од Турција, Огузјан Ајдоган и искусниот дефанзивец Стефан Лазаревиќ.
Двајцата и тоа како добро ќе му дојдат на стратегот Боби Божиновски ако се знае дека МЃП оваа пролет ја чека тешка битка за опстанок.
Ајдоган претходно играше за Гостивар и Башкими, а минатата сезона важеше за еден од најдобрите играчи за врска во ПМФЛ, посебно е квалитетно засилување. Има играно и за познати клубови во Германија и Турција.
Лазаревиќ повторно го облече дресот на својот матичен клуб, во минато беше дел од повеќе клубови во првата и втората лига на Македонија.















