Македонија со пресврт до триумф против Австрија

184

Македонската футсал репрезентација со победа ги отвори контролните натпревари против селекцијата на Австрија што се играат во салата 26 април во Гевгелија.

Избраниците на селекторот Газменд Хисејини и покрај водството бна противникот од 3:0 на крајот успеа да направи пресврт и да триумфира со 5:3. Во 4. минута гостите преку Абдул Јазичи поведоа со 1:0, а истиот играч во 12. и носи предност на Австрија од 2:0. Третиот погодок за нашиот противник беше постигнат во 14. минута, а стрелец е Вахид Мухаремовиќ. Во финишот од првото полувреме Седат Зибери намали на 3:1, а по две минути игра во вториот дел Таулант Исмаили го најави пресвртот на македонската репрезентација.

Во 28 минута, Иван Крстевски го израмни резултатот додека Тони Киревски со погодокот во 31. минута и носи предност на Македонија од 4:3. Во самата завршница Австријците по секоја цена се обидуваа да стигнат до израмнување и во последните минути играа без голман. Тоа го искористи нашиот чувар на мрежата Антонио Петревски кој во 38. минута го постигна петтиот погодок за Македонија со што се потврди триумфот во овој дуел.

Вториот контролен натпревар ќе се одигра утре исто така во салата 26 април во Гевгелија со почеток од 18 часот.

ПретходноЗОИ 26: Словенија „златна“ во екипните мешани ски-скокови
СледноРајковиќ се подалеку од четвртфинале во ФИБА Лигата на шампионите